Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 септември 2025
Попладневно во Велес двојно убиство, а сторителот потоа се самоубил. Настанот се случил околу 15,30ч. во близина на Градскиот саат. Според соседите поранешниот партнер на девојката ја убил прво неа, па татко и, за подоцна сам да се убие.
„Во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет. На местото излегоа полициски службеници и констатираа дека се работи за Р.К.(31 год) од Велес, која од Итна медицинска помош е пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт. Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, пронајден е починат и татко и К.К.(74 год) , кој исто така, имал повреди од остар предмет. Во домот со повреди од остар предмет е пронајден и И.С.(39 год) од Скопје, поранешен партнер на Р.К., за кој според првичните информации постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил. Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
На местото од настанот дошла екипата на Итната помош. И тоа во два наврати.
„Бевме повикани околу 15,30 за пружиме нега на девојка, која имаше повеќе убодни рани. Дадовме неопходна нега и ја пренесовме на Ургентно одделение од велешка болница. Веднаш добивме нов повик за истата адреса. Таму имаше лице кое беше починато и прекриено со чаршав и помладо лице кое исто имаше убодни рани во вратот. И него му дадовме помош и го пренесовме на Ургентен во болница“ – кажа д-р Жарко Манасков, од службата за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.
Во велешка болница двете повредени лица биле примени во лоша состојба, без знаци на живот.
„Во 15,30 беше донесена девојка, без срцева реакција, без дишење. Беа констатирани шест повреди, нанесени со остар предмет. Беа преземени сите обиди за реанимција, немаше срцева реакција. Пациентката беше интубирана, беше дефиблирирана. Вкупната реанимација траеше 45 минути. Сите обиди беа безуспешни. Потоа набргу донесоа нов пациент, момче од истиот настан, лицето е со убодни рани нанесени од остар предмет, сите во пределот на вратот. И кај него беше констатирано дека нема знаци на живот, дишење, срцева реакција. Истите реанимациони мерки и кај него беа применети, исто така во траење од 45 минути, но се беше незуспешно и покрај обидите за реанимација“ – кажа дежурниот хирург д-р Петре Кодовски, од Општа болница Велес.
Од ОЈО Велес информираа дека трите тела се пренесени на судска медицина на обдукција а од местото на настанот се одземени сите предмети заради вештачење.
Во Основен суд Велес на лицето за кое се верува дека го сторил делото му е изречена мерка забрана за приближување до неговата поранешна девојка. Пред некој ден во истата институција, за истото лице завршил судскиот процес за две кривични дека, загрозување на сигруноста при вршење семејно насилство и за телесна повреда.