Петар Печков
Објавено: четврток, 28 август 2025
Сообраќајка на патот кон село Чичево, општина Градско, во кое едно лице Љ.О. на 21 година почина, две се во животно загрозувачка состојба а четвртото исто се здобило со тешки телесни повреди. Сообраќајката се случила кога автомобилот со четирите млади жители од Градско и Ногаевци, се враќал по полноќ од славата на манастирот во село Чичево.
„Побарана е помош, поради сообраќајка, испратени се две амбулантни возила, дадена неопходна нега и сите четворица повредени се пренесени на ургентен центар во велешка болница“ - кажа д-р Славица Нешова Пановска, од службата за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.
Тројцата сопатници од автомобилот биле надвор од него а единстено возачот бил во него и била побарана помоиш од пожарникарите за да се извади од возилото.
„Донесени се четворица млади пациенти, едниот бил починат. Двете лица се во животно згрозувачка сотојба дадена неопходна помош и пренесени на КАРИЛ во Скопје, четвртото лице и со со тешки телесни повреди е пренесено на клиниката Мајка Тереза“- кажа д-р Ванчо Граматов од велешка болница.
Од велешката полиција со деталите од сообраќајката.
„Денеска 28 август, околу 00:10 часот во СВР Велес, е пријавено дека на локалниот пат с.Горно Чичево-с.Долно Чичево, општина Градско, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки управувано од П.А.(22 год) од Градско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21 год), Б.П.(20 год), двајцата од Градско и Х.Л.(22 год) од с.Ногаевци, општина Градско, констатирани во Општата болница Велес“ - информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Од ОЈО Велес информираа дека автомобилот е на вонреден технички преглед, телото на починатото момче е дадено на обдукција, од трите лица се зема крв и урина за утврдување на присуство на алкохол, додека од возилот од воланот се земени папиларни отисоци, за да се утврди кој го управувал автомобилот.