Голем интерес на велешани на акцијата за проверка на здравјето (фото)

Петар Печков


Претпладнево на плоштад Сармаале, беше реализирана превентивно-здравствена активност, заштита од високите температури.  Таа беше овозможена од екипата на ЈЗУ Здравствен дом Велес. Тие беа присутни од 9 до 11ч. но поради големиот интерес, продолжена беше за 15 минути.

„Имавме околу 150 граѓани на кои им измеривме присуство на шеќер во крв, крвен притисок и пулс.   Кај една третина од нив имаше зголемено присуство на шеќер. Повеќето беа со нормален притисок, разбирливо бидејќи дојдоа со веќе примена терапија и се одговорни кон своето здравје.  Нив и на сите граѓани им препорачуваме редовно да ја примаат својата препишана терапија, да ги посетуваат матичните доктори за контроли, да  носат полесна облека, да носат вода за пиење, да не излегуваат во најжешкиот период од денот. Ако почувствуваат било каква тегоба веднаш да се обратат на матичниот доктор“ – рече  д-р Мартина Лазаревска од службата за Итна помош.

На минувачите им беше делена и вода за пиење. Ваква активност ќе биде реализирана и вторник и следниот петок, но на друга локација.

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати