Голем одѕив на крводарителската акција посветена на Рацин

Петар Печков

Под мотото "Ти подарувам бесмртност" денеска се одржа традиционалната крводарителска акција по повод Рациновите средби. Истата е во организација на  Општинска организација Црвен крст Велес и Општина Велес.

„На денешната акција вкупно беа дарувани 90 крвни единици. Четворица од дарителите даруваа за прв пат. Тоа е најголем број на оваа акција. Минатата година се даруваа 36 дарители“ – соопшти Орце Николов секретар на ОО Црвен крст Велес.

Крводарителската акција заеднички ја реализираа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Се одржа во  просториите  на Ликовен салон. 

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати