Голманот на ФК Борец, се здоби со тешка телесна повреда на натпреварот со ФК Детонит

Петар Печков

Голманот на велешки ФК Борец Петар Јакимов (19год) се здоби со тешка телесна повреда на рамото, на натпреварот од деветото коло. На средбата одиграна на Градски, младинецот Јакимов во 91 минута при старт на гостински фудбале во просторот од 16 метри, се повреди, поради што мораше да интервенира дежурната лекарска   екипа на Итната помош.

„Од страна на судијата побарана е помош од дежурниот лекар, кој првично констатирал луксација на рамо. Дадена е неопходна помош и префрлен во велешка болница“ – кажа д-р Славица Нешова Пановски од службата за итна помош, при ЈЗУ Здравствен дом.

„Во 15ч. примен е пациент, донесен од страна на ИМП.  Прегледан од страна на дежурен ортопед, направен е РТГ и комјутерска томографија.  Утврдени телесни повреди и  препратен во ГОБ 8 септември, на понатамошен третман, бидејќи пациентот  таму живее“- соопшти д-р Биљана Босилкова, портпарол на Општа болница Велес.

Натпреварот заврши без голови 0:0 а поради повредата на Јакимов беше продолжен за 12 минути.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати