Градинките подготвени, од среда децата се згрижуваат

Петар Печков

Од среда се отвораат градинките и тие повторно по неколку месечна пауза поради пандемија со квоид-19, повторно ќе работат со децата. За почетокот на работата, подготовките и како ќе се згрижуваат децата ТрМр разговараше со директорката на градинката Димче Мирчев од Велес, Маја Велиновска.  

Како е организирано прифаќањето и заминувањето на децата, во колку часот и со чие  присуство децата се носат и прифаќаат?

Прифаќањето на децата е од 05:30  до 8:30 ч,а заминувањето од градинка до 18:00 ч. Прифаќањето на децата во градинка ќе биде организирано согласно протоколите на посебно определени „главни “влезови во градинките  ,на кои  при приемот на децата едно задолжено лице ќе ја мери температурата на детето со без контактен термометар, ја евидентира во посебно изготвени списоци за следење на температурата, се врши дезинфекција на рачињата на детето со дезинфеционо средство и на обувките на дезинфециона бариера.  Доколку детето нема покачена температура ,лицето за прием го предава во соодветната група. Родителот е должен да причека додека се мери температурата на детето. Доколку детето има  покачена температура , лицето за прием е должно да го врати детето назад на родителот. Родителот е должен да се придржува на времето кое го   пријавил во групата  за доаѓање и заминување на детето од градинка. Родителот наведува најмногу две лица кои ќе го носат и земаат детето од градинка.

Колку деца по  група и клон се прифаќаат ?

Во зависност од возраста на децата ,согласно протоколите во групите од 0-2 год ќе бидат згрижени по 6 деца,а во групите од 2-6 год по 15 деца.Вкупниот број на згрижени деца ќе зависи од бројот на родители кои ги исполнуваат моменталните услови за нивното дете да посетува градинка односно  : Двајцата родители да достават потврди дека се вработени или потврда од еден вработен самохран родител.

Ќе работат ли со полн капацитет или во одреден процент градинките?

Во моментот во установата има запишани 1061 дете од кои по протоколи може да бидат згрижени 650, а бројот на родители кои доставиле потврди согласно протоколот во моментов е  404.

Како ќе се хранат децата ќе носат , од дома или Вие ќе подготвуваате?

Оброците за децата ќе се подготвуваат во централната кујна на  градинка како и до сега,според посебно изготвено мени, а децата според протоколите нема да се хранат во заедничките трапезарии туку секоја група во својата занимална.

Како е органзирано спиењето на децата и престојот, забава, учење?

Децата ќе спијат  по  група  во својата  занимална, на посебно одбележано креветче за секое детенце со обезбедени две постелнини. Креветчињата ќе се поставуваат  на растојание едни од други а децата ќе бидат поставени на креветчињата  на принципот „глава -нозе “. Родителот е должен да донесе пижами за  преоблекување.
Во текот на престојот децата ќе следат воспитно – образовни содржини од програмата “Стандарди за рано учење и развој“, подготвени од страна на стручните тимови и воспитувачите од градинката. Во овој период, акцент ќе се стави на едукација за грижата за здравјето и мерките за превенција кај децата.

Ќе носат ли децата ззаштитни  маски во градинка?

Со оглед на возраста, децата нема да носат заштитни маски во градинка.

Каде ќе  престојуваат во текот на денот, надвор во двор, или во занимална?

Секогаш кога временските услови ќе дозволуваат ,децата ке играат, учат истражуваат на отворено. За таа цел изминатиот период во сите дворови на деветте  објекти, вработените  адаптираа занимални на отворено.  

Ќе работат ли клоновите во Караслари, Градско и Чашка?

Да,секако,иако за почеток интересот во овие објекти за згрижување на децата е мал,сепак ќе излеземе во пресрет на секој родител на кого тоа му е потребно.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати