Градски базен „Летно задоволство„ се подготвува за летната сезона

Петар Печков

Во тек се градежни зафати  за подготовка  на градскиот базен  „Летно задоволство“ за негов летен почеток.   Закупецот  ПН-МП ТРЕНД ДООЕЛ од Велес неколку седмици веќе работи на зафатите. А кога ќе започнат со работа,  велат зависи од одлуките на Владата и протоколите кои треба да се добијат, под кои услови и како ќе работат.

Извршивме бетонирање на целиот простор околу базенот, извршивме замена на водоводните цевки, лани ги променивме одводните, ги саниравме дупките од коритото на  базенот. Ние ќе бидеме подготвени да почнеме со работа на почетокот на јуни, доколку има таква одлука за работа, веднаш ќе стартуваме - вели закупецот. 

Планираат и неколку новини, со кои велешани, долгото топло лето ќе можат да го минат на овој рекреативен центар.   

Доколку се дозволи работа ноќе, ќе работиме и во вечерните часови. Ја средуваме кујната, со локален угостителски објект од градот,  се договоривме  да тој подготвува храна, така што гостите ќе бидат обезбедени. Се разбира , повторувам ако протоколите за работа во услови на епидемија, дозволат такви услуги- додава закупецот. 

Велат тие ќе бидат подготвени а кога ќе стартуваат зависи од  државните институции. 

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати