Градски стадион доби нова атлетска тартан патека (фото видео)

Петар Печков

Градскиот стадион во Велес  доби нова атлетска  тартан патека, инвестиција вредна 20 милиони денари. Таа е изработена според највисоки стандарди за атлетика на меѓународната федерација  ИААФ.  

„Како министерство, како Влада се трудиме да помагаме секогаш каде треба, кога имаме можност и  барањата се реални. Оваа патека е важна за рекреирање, за социјалниот живот, градење вредности кои сакаме да ги промовираме кон младите. Ветувањата имаат тежина само ако се исполнуваат“ – рече министерот Борко Ристовски. 

Патеката на 400 метри има шест  ленти и на неа е поставена еластична спортска подлога, тартан според ИААФ стандарди, додека на патеката од 100 метри  има осум патеки.

„За рекордно време е изградена патеката. Со тоа ги враќаме вредностите  важни за сите нас, рекреација, спорт, дружба фамилијарно дружење, рекреација за нашите сограѓани. Во овие тешки времиња се обидуваме да најдеме денар повеќе за спортот и да го вложиме на вистинско место“ – рече градоначалникот Марко Колев. 

Тој апелираше до велешани совесно да ја користат и не ја уништуваат, да се користи наменски.  Атлетската патека опфаќа површина од 4.700 м2, 3.900 м2 се на кружен облик а 800 м2 е зад голот за други атлетски дисциплини, скок во далечина, скок во височина, скок со стап. Поради пластичната трева  на стадионот, на игралиштето, не може да се одржуваат фрлачките  атлетски дисциплини, фрлање  ѓуле, копје,  кладиво.   

„Атлетската патека е нешто што му требаше на Велес, место каде ќе се тренира и создаваат нови таленти. Со ова градот може да организира државни Балкански младински првенства“ – рече Дарио Ивановски македонски  репрезентативец маратонец, учесник на Летните олимписки игри во Париз пред две години.

Патеката беше промовирана со неформална трка на 100 метри на децата од ФК „Борец Јуниор“.

Градежните работи на Градски стадион ги изведуваше градежната фирма „Интеко“ Скопје. 

Атлетската тартан патека на Градски во Велес беше изградена од ЈНА за тогашните Сеармиски спортски игри, кои се одржаа во Велес 1979 година, кога беше изграден и Градскиот базен.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати