Петар Печков
Објавено: вторник, 17 ноември 2026
Вероника Гавровска ученичка во 8-мо одделение од ОУ Гоце Делчев во Босилево со ментор Весна Тилова, е добитник на Гран при наградата на 59-тите Детски Рацинови средби кои се одржаа во Велес. Таа ја доби наградата за литературни творби на тема „Моето и Рациновото подобро утре“.
За литературани творби првонаградени се Тифани Михајловска од гимназијата Кочо Рацин од Велес со ментор Александра Стојановска. Михајловска доби и втора награда за ликовно дело, со менторката Јулијана Минова. Првонаградена за 8-мо и 9-то оддление е Леонида Михајлова од ОУ Гоце Делечв - Конче и за 6-то и 7-то одделение Луна Ѓорѓијевска од ОУ Вера Циривири Трена - Скопје
На ликовниот конкурс на тема „Рацин и неговите стихови преточени во слика“ први места кај средните училишта за Матеја Брезовска од Гимназијата Гостивар во Гостивар, за 8-мо и 9-то одделение Зорица Ѓорѓиевска ОУ Петар Поп Арсов Извор-велешко со ментор Драганчо Таневски и за 6-то и 7-мо одделение Сара Колодезни од ОУ Панко Брашнар од Велес, ментор Васиол Гаврилов.
Двата конкурса на Детските Рацинови средби беа меѓународни и освен учeници од средно и основно образование од Македонија, учествуваа и деца од училишта кои посетуваат македонска настава во земјите каде има македонци, Словенија, Хрватска, Србија, Шведска, Германија...
Организатор на Детските Рацинови средби беше Градската библиотека „Гоце Делчев“ од Велес.

