Петар Печков
Објавено: вторник, 17 ноември 2026
Жирито од македонски авторки ги пофали дел од учесниците, за дел критика дека вештачката интелегенција се користи непримерно во создавањето на поезијата.
„Во пристигнатитe творби се препознаваaт детски соништа, искреност на нивните емоционални доживувањеа, се отворија различни интерпретативни толкувања на темата. Има оригинални, впечатливи достигнувања, исполнети со емотивен набој, топол лиризам, имагинизам. Кај дел од творбите беа забележани недоволна емоционална автентичност, шаблони, стилски обрасци кои упатуваат на можно користење алатки за генерирање текст со помош на вештачката интелегенција. Технолошките алатки може да биде помош во творечкиот процес, но не и замена за личното доживување, индивидуалнага мисла и автентичниот авторски глас“ – кажа поетесата Десанка Николовска, член на жирито.
Двата конкурса на Детските Рацинови средби беа меѓународни и освен ученици од средно и основно образование од Македонија, учествуваа и деца од училишта кои посетуваат македонска настава во земјите каде има македонци, Словенија, Хрватска, Србија, Шведска, Германија...

