Граѓаните бараат поставување на т.н. „П“ столпчиња, на некои сопственици на автомобили им пречат

Петар Печков

За обезбедување на тротоарите на пешаците, да не се паркираат возила, во Велес поставени беа т.н. „П“ столпчиња. Иако за некого непотребни, барањата од граѓаните за нивно поставување,  потврдија дека тие ја извршуваат функција. Тоа го потврди и градоначалникот Марко Колев.

„Поставувањето на металните „П“ столпчиња и пластичните е во согласност со МВР. Граѓаните доставуваат предлози каде  да се постават, со цел непречено движење на пешаците. Тие се поставуваат заради непрописно паркирање по тротоарите. Поставувањето на вакви столпчиња се покажа во најголем дел од градот, како  исправно и добро решение“  - кажа Колев.

Стручните лица од локалната власт посочуваат дека граѓаните бараат поставување на вакви „П“ столпчиња.

„Има доста барање од граѓани, кои барат на одделени тротоари да се постават такви метални „П“ столпчиња,за да се спречи паркирање на возила а пешаците да ги користат тротоарите“ - рече Веса Смилева од одделението за комунални работи.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати