Групна изложбата на 12 автори на галеријата „Под отворено небо“ во населба Чашка

Петар Печков

На плоштадот во населба Чашка поставена е галеријата „Под отворено небо“ со групна изложба на 12 автори. Со ова е  одбележано  тригодишно постоење на организаторот Здружението за децентрализација, истражување и промоција на културата „Децентрала“ од Велес. 

Дел од уметниците биле  поканети да учествуваат а дел избрани преку јавен повик со цел поттикнување на транспарентноста и еднакви можности за сите заинтересирани автори.  Поставена е на плоштадот на населба Чашка, на ѕидната површина на детската градинка „Бамби“ - централна точка на секојдневен живот на локалното население. 

Претходно беше организирана работилница на  која се извршило  обнова и фарбање на изложбените паноа каде се поставени делата,  изработка на нов мурал на ѕидот на галеријата - дел од детската градинка „Бамби“ и  уредување на шест  метални буриња кои ќе служат како постаменти за скулптури и тродимензионални дела.  Оваа изложба е финансирана од Министерството за култура преку годишната програма.

фото: Здружение  „Децентрала“

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати