Двајца ново заразени од Велес и четворица оздравени

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден во велешко регистрирани се два нови случаи на позитивни со ковид-19 а дури четворица се оздравени и пуштени дома. Ова е информација од Центарот за јавно здравје Велес. Истата е различна од таа објавена од Министерството за здравство, каде се води дека во Велес има тројца позитивни.

Еден случај на македонски државјанин повратник од странство од Германија, сместен во државен карантин во Охрид го водат како случај од велешко,  иако е од скопско. Реагиравме до надлежните дека станува збор за грешка. Двата  случаи од велешко, станува збор за  невработена жена која е заразена од сопругот и  уште една пациентка која деновиве е сместена  на Инфективно одделение и е потврдено дека е позитивна на квоид-19- изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.

Во велешко има 30 активни случаи со ковид-19. На инфективното одделение во велшката болница има 13 потврдено позитивни лица.

Во текот на изминатото деноноќие  четири лица се водат како оздравени а беа хоспитализирани на Инфективно одделение. Нивните два последователни теста покажале дека се негативни и се веќе дома. Имаме потврда дека пациентка е позитивна, а беше сместена на ова одделение, еден е пуштен дома откако неговиот тест беше негативен иако имаше симптоми на ковид-19  - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.     

Досега во велешко има 171 лица со корона вирусот, 129 се оздравени и 12 починати, 14 од нив се во домашен карантин, двајца се  на Инфективна клиника,   еден  во ГОБ 8- ми септември, еден во државен карантин -повратник од Англија,  еден на  приватно лекување - во приватна клиника.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати