Два дена високи концентрации на ПМ10 честички, нема препораки до граѓаните

Петар Печков

Изминатите два дена, среда и четврток, квалитетот на воздухот во Велес беше лош, загаден со ПМ 10 честички но и ЅО2, CО и  NO2.

Вредностите се посебно високи, над дозволените, посебно во вечерните и утринските  часови. Средно дневните концентрации на PM 10 честички измерени на мерна станица Велес 2,  за деновите 20-ти  и 21-ви  јануари  2021 година се  123,875  μg/m3 и 119,475 μg/m3.

Иако  со ова е надминат прагот за информирање, кој е два дена измерени вредности над 100 мг/м3,  локалната власт денес не  излезе со препораки до граѓаните.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати