Два дена се вршеше теренско третирање против ларви од комарци во Велешко

Петар Печков

Во Велес се изврши теренското третирање од земја, против ларви од комарци. Тоа е второ годинашно, овој пат есенско.

Изминатите два дена на површина од седум хектари, биле третирани крајбрежјето на Езеро „Младост“, ееро „Јарбош“, Градскиот Парк, Младински Парк, Градски стадион,  по течението на реката Вардар, реонот на  Дервенски поток и  градските фонтани.

„Теренското третирање од земја, против ларви од комарци опфаќа територија покрај вода и водни површини, кои се мапирани како лежишта на комарци, а посебно внимание  се посвети на површините со неистечена вода каде имаат идеални услови за размножување. Оваа активност е согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна теристичка дезинсекција  како општа мерка за заштита на населението од заразни болести“ – соопштија од Општина Велес.

Таа е една од малкуте, осум, во државата, кои вршат и прскање против комарци и по земја и во воздух.  

Третманот се врши со биолошки препарат кој се наоѓа на листата на биоцидни производи на Министерството за здравство и се применува насочено само за комарци и ларви кои летаат на области кои се претходно одредени, се положува во застоени водени површини.

Од локалната власт потенцираат дека препаратот не бил  штетен за луѓето, пчелите, ниту за домашните миленици.

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати