Две жртви во сообраќајка, на исклучокот од експресниот пат Прилеп –Градско

Петар Печков

Средата  на пладне, во излетан автомобил од експресниот пат Прилеп –Градско,смртно настрадаа  две лица од Делчево.  Сообраќајката се случила на исклучокот од новиот пат. 

„На 06 август околу 14:35 часот во СВР Велес било пријавено дека на експресен пат Прилеп-Градско, патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Ќ.С.(60 год) од Делчево, излетало од коловозот.Во возилото била и како сопатничка С.С. (57 год) исто така од Делчево“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот и неговата сопатничка. 

„Побарана е интервенција од дежурна екипа на велешката Итна помош. Кога пристигнале на лице место, констатирале смрт кај двете лица“ – информираше д-р Славица Нешова Пановска од службата за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Од ОЈО Велес соопштија дека  телата на починатите биле дадени на обдукција а автомобилот бил испратен на вонреден технички преглед.

Ова се нови жртви на свиокот при исклучувањето од новиот  експресен пат Прилеп- Градско. За два месеци вкупно три лица ги загубија животите на ова место а едно дете се здоби со тешки повреди. Жителите од населбата Стопанство кај Градско алармираа дека исклучокот, кој тие го нарекуваат „свиок на смртта“ е опасен по безбедноста.

„Автомобилот излета од кривината, и падна во дворот. Кога излеговме од дома да помогнеме немаше спас, беа мртви. Ние апелираме, никој не не слуша. Треба ли возило да ни падне во куќата да се свестат надлежните, да се преземат мерки, вака не оди, не се чувстуваме безбедни“ – велта жителите.

Во понеделеникот претпладнето во 9ч. возило се заби во заштитната мрежа, но среќна околност е што возачот минал само со лесни повреди и мала материјална штета.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати