Петар Печков
Објавено: четврток, 24 јули 2025
Еден починат, едно дете и возач се тешко повредено се дел од информациите од полицискиот билтен, за сообраќајки кои се случени на новиот експресен пат Градско – Фариш. И двете се регистирани во период од еден месец.
Во истиот период АМСМ соопшти дека шлепер излетал од деленицата, па патот пет часа беше затворен за сообраќај. Мештаните, соседи зборуваат за многу повеќе сообраќајки, кои се случиле токму таму, на исклучокот од експресниот пат Фариш- Градско, на свиокот кај населбата Стопанство.
„Не се саде тие три. Колку автомобили има излетано тука, десетина најмалку. Овие што полицијата ги кажува се поради тешките повреди. Другиве минуваат со лесни. Но проблемот е што со колите, камионите кога ќе излетаат со голема брзина, слетуваат во двориштата од нашите куќи. Ние стравуваме по нашите животи и животите на нашите деца. Кога спиеме од кај знаеме што ќе се случи. Како што толку пати и се случи“ – велат жителите.
Објаснуваат дека за проблемот алармирале кај надлежните и кога се градел експресниот пат и сега, укажувале дека свиокот е лош и може да се случуваат сообраќајки, што во пракса и се докажало.
„Кога идеа министри директори кога се градеше реагиравме дека ќе има проблеми, и на изведувачот Страбак. И сега реагираме, и до градоначалникот на Градско, и до надлежните да не заштитат, но ништо. Размислуваме да го блокираме патот, на овој исклучок, можеби тогаш ќе не послушаат.Децата си играт тука во двор и може пак некое возило да слета. Последното од пред седум дена, во неделата на ден пладне падна кола во дворот. А толку лоша слика децата наши видоа, како дете тешко повредено се бори за живот, пред нивни очи. Ние бевме први што викнавме брза помош, помагавме, колку можеме и знаеме“ – велат мештаните.
Посочуват дека и металната ограда од патот е оштетена и сега немаат никаква заштита.
