Ќе се истражува каде и како девојче ученик било повредено

Петар Печков

Девојче од основно училиште дошло на школо со видливи повреди, надлежните веднаш алармирале. Се испитува старателката  на девојчето. Информацијата ја објавија од велешка полиција. 

„На 26 октомври во СВР Велес, од Центар за социјални работи Велес било пријавено дека од стручна служба во основно училиште во Велес биле известени дека кај нивна ученичка биле забележани видливи повреди, по што кај детето бил извршен лекарски преглед. Во врска со пријавеното, полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со 57- годишна велешанка, законски старател на детето“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.

За случајот бил  известен јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати