Петар Печков
Објавено: среда, 18 декември 2024
Министерството за спорт на 500 млади спортисти од Македонија, им додели стипендии „Спортска надеж“ за млади талентирани спортисти, членови на националните спортски селекции.
Мотото е „Поддршка вредна злато“, а министерот Борко Ристовски во своето обраќање ја истакна заложбата на Министерството за поддршка на младите таленти, обезбедувајќи ги потребните услови за нивен развој и напредок како и континуирана поддршка за зајакнување и подигнување на македонскиот спорт на повисоко ниво.
Финансиска поддршка од државата преку проектот „Спортска надеж“, добиваат спортисти на возраст до дваесет години кои се македонски репрезентативци, членови на националните селекции до оваа возрасна категорија во сите спортови.
Ова е листата на млади велешки спортисти кои ќе ја добиваат во текот на следните 10 месеци со просек од 20 отсто од просечна плата.
1. Александар Страхил Славков ракомет
2. Давид Дарко Николов одбојка
3. Дарко Петре Жабев одбојка
4. Антонио Дарко Николов одбојка
5. Стефан Ване Рибарски кајак
6. Кристијан Љубе Лазаров кајак
7. Кристијан Љупчо Смилев кајак
8. Благој Сашко Гугинов кајак
9. Марија Илија Пановска кајак
10. Симеон Љубе Ѓорески кајак (Струга)
11. Андреј Дејан Апостолов кајак
12. Илија Никола Ѓорѓиев кајак
13. Ели Златко Панова спортско стрелаштво
14. Лука Стево Стојчев пинг понг
15. Стфан Ставровски велосипедизам
16. Александар Зоран Ристовски велосипедизам
17. Андреа Игор Алексовска карате
18. Марко Петар Поптодоров карате
19. Маттео Тодорче Ѓорѓиев. планинарски спортови 20. Марко Томас Варналиев кајак