Деветта година по ред Бадникова поворка во Велес (фото)

Петар Печков

Многу дечиња пеејќи му на Бога ја формираа Бадниковата поворка, која  тргна од црквата Св.Кирил и Методиј. Претходно се  отслужи Света Василиева литургија во црквата. По нејзиното завршување Митрополитот на Повардарската Епархија, Владиката Агатангел ги даруваше дечињата со бадникови пакетчиња, а беа поделени и Бадниковите гранчиња.

По ова, беше формирана Бадникова Литија, на која дечињата ја пееја  Бадниковата песна Вечниот Бог  минувајќи низ улиците на Велес. Тие се движеа по улицата Благој Ѓорев, до кружен тек Авона, потоа поминаа пред Жаба зграда до Општина Велес.  

Дечињата стигнаа до зградата на Општина Велес, каде децата беа пречекани и дарувани со бадникови пакетчиња и од градоначалникот Марко Колев.

фото:ФБ Општина Велес/ Повардарска епархија МПЦ ОА

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2024?

  • имаше и убави и лоши работи
  • што поскоро да ја заборавам
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • постар/а сум за една година
  • како и секоја друга
  • ги помнам само убавите моменти
Резултати