Велешкиот случај на каснување од видра, еден од ретките во светската медицинска пракса

Петар Печков

Случајот на велешанецот С.Д. (47 год) е 45 во светот кога човек е каснат од видра. Ова го пишува Националната медицинска библиотека, официјална страница на Американскта Влада. Според нивната документација,  вкупниот број на каснати лица од видра се води од 1875 до 2010  година. Најголем број случаи е регистиран на Флорида.

Настанот во Велес е случи на 5 јануари во вечерните часови. За инцидентот јавно проговори лицето кое е каснато.  

„Во езерцата чувам крапови и вечерта околу 20ч. кога сакав да уловам некое парче, го осветлив просторот со батериска лампа, некое животинлче скокна и ме касна. И тоа преку јакна, облека за десната рака. Парче месо ми скина, видов дека е видра, морав да барам помош од доктор“ – раскажа С.Д., кој бил каснат. Тоа се случи на месноста викана Капиновски вирови, преградени  на реката Бабуна.  

Во велешка болница го потврдија настанот.

„Вечерта на 5 јануари,  околу 21,30ч. на Ургентното одделение е дојден пациент кој се пожалил на каснување од видра на десната надлактица. Извршена е хируршка интервенција и пуштен на домашно лекување“- кажа д-р Билјана Босилкова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

Видрата е месојаден цицач од семејството на куните. Таа е добро прилагодена за живот во слатки води. Познати се како вешти пливачи. Видрите се хранат со риба, активни  се  ноќе.  Инцидентите според стгручната литература е последица на човечко навлегување на територијата на видрата, а добиените повреди може да бидат доста тешки, бидејќи речните видри имаат остри заби.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2024?

  • имаше и убави и лоши работи
  • што поскоро да ја заборавам
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • постар/а сум за една година
  • како и секоја друга
  • ги помнам само убавите моменти
Резултати