Во Велешко во првите шест месеци, половината извршени надзори од инспекциите констатирале неправилности

Петар Печков

Пpи повеќе од половината извршени надзори на  општинските инспекции, констатирани  биле неправилности. Или во бројки од вкупно 428 надзори во велешко, имало 230 неправилности. Ова го пишува во документот за полугодишната работа, јануари -јуни,  на седумте од осум инспекциски служби во Општина Велес, која нема инспектор за животна средина. 

Најмногу работа имал комуналниот инспектор со 80 надзори при што се констатирани 31 неправилност.  При извршените инспекциски надзори и утврдените неправилности, од страна на комуналниот инспектор донесени биле 17 решенија, даден предлог за порамнување со издавање на прекршочен налог со изрекување на глоба во 14 извршени надзори, поднесени биле пет Барања за прекршочна постапка до надлежен суд и надлежен прекршочен орган. Од изготвени 14 предлози за порамнувања со издавање на прекршочен налог. глобата ја платиле 9 прекршители односно 64% од понудените постапки за порамнување.

Инспекцијата за наплата на даноците, две лица, во првите шест месеци имале 77 надзори а констатирале 24 неправилности.  

Градежната инспекција, двајца инспектори а потребни биле три најмалку, имале 74 надзори при што констатирале 36 неправилности. 

Просветната инспекција, каде има еден вработен инспектор,  имала 47 надзори а констатирала 14 неправилности.

Инспекцијата за домување, со еден инспектор, имала 33 надзори и 16 неправилности. 

Инспекцијата за сообраќај каде има еден вработен, првата половина годинава не вршел надзор бидејќи бил под менторска обука.  

За споредба за учинокот на инспекциските служби во Општина Велес, од јавно достапниот документ за нивната работа во втората половина на ланската 2024 година, може де се констатира дека се движи во сличен однос како и првата половина годинава. Или лани во периодот јули –декември имало 403 надзори и 213 констатирани неправилности. Со тоа што најмногу работа лани имале двајцата градежни инспектори со 122 надзори и 72 направилности.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати