Петар Печков
Објавено: четврток, 21 август 2025
По повод 21-ви Август денот на општина Чашка, со симболично врачување на клуч на децата од Детската градинка "Бамби", Градоначалникот Горан Стојановски ги предаде на користење адаптираните и по најсовремени стандарди опремени простории, наменети за детски јасли.
„Новите простории ќе овозможат современи и безбедни услови за згрижување и развој на 10-12 деца на возраст од 9-24 месеци, а воедно претставува потврда за континуирана посветност на општината и градинката во обезбедување квалитетни услуги за децата и родителите. Грижата за најмалите нема цена. Да растат сигурно, да се вивнат високо“ – порача градоначалнкот Стојановски.
За адаптацијата се издвоени 567.255,00 денари од буџетот на Општина Чашка, додека опремата е обезбедена преку грант од Светска Банка, преку ресорното министерство, во вредност од 600.000 денари.
Јаслената група се очекува да започне со работа наскоро, по завршување на постапката за вработување преку агенција за привремени вработување, за кои исто така Општина Чашка обезбеди средства.
Беше одржан и шаховски турнир на кој победи Љупчо Трајковски. Се одржа и свечена седница на која беа доделени признанија за најдобрите во општината.