Објект cо субстандардни услови, се користи за живеење а од него се шири реа и нечистотија

Петар Печков

Жителите од улиците  Ул. Петар Михов  и  Киро Рогужаров,  реагираат на состојбата на објект на еден од соседите. Тој се доселил пред 10 години, во некаков објект, кој никој не го користел, сега таму престојува и е складиште за секаков  отпаден материјал.

„Човекот дојде од Рамина, тука најде место се всели во  ограден простор, што никој не го користеше. Сега тука спие, јаде, се бања, пере,  врши нужа а нема ни вода, ни канализација, нема никави услови. Згора на се  е што собира отпаден материјал, пластика, железо, отпад, тука го чува. Грда слика, лоша миризба, реа. Сме реагирале до сите општински надлежни служби во повеќе наврати, но никој ништо не презема“ – велат жителите од овој дел на  градот. 

Времениот објект е карши влезот во поранешен ДОЗ, над времените монтажни  објекти на ул. Димитар Влахов. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати