Петар Печков
Објавено: среда, 03 септември 2025
Во паркот пред Општина вчеравечер беше презентиран отчетот за сработеното во изминатите четири години од страна на градоначалникот Марко Колев. Тој кажа дека ова не е само негов отчет, туку и на Советот, на најблиските негови соработници, секретарот на општината, раководителите на сектори и одделенија, на вработените во општинската администрација, на раководството и вработените во локалните институции.
„Секој ден макотрпно работиме за да го подобриме животот на сограѓаните, во Велес, во општината. Мислам дека ја оправдав добиената доверба на граѓаните. Отчетот има 15 теми“ – кажа Колев.
Тој потоа зборуваше детално за што има се реализирано. 1. Патна инфраструктура, 2. Безбедноста на сообраќајот, 3. Водовод и канализација, 4. Зајакнување на капацитети, 5. Чиста околина за здрава животна средина, 6. Паркови, зеленило и урбана опрема, 7. Континуирано инвестирање во образованието, 8. детски катчиња , 9. Спортот достапен за сите –изградба на спортски центри, терени,комплекси, 10. Спортот е здравје – спортски настани, 11. град на културата –манифестации, 12. Капитални проекти во кој беа споменати - Градски пазар – изграден е нов покриен пазар, Кеј на река Вардар, Централно градско подрачје – смарт елементи, велосипедска патека и печашка зона, Нов систем за улично осветлување, Мост кај Башино Село, 13. Други проекти -Регионален стационар за бездомни животно „Шепа“, Европска куќа, Киноверзум, Смарт автобуски постојки, Видео надзор Дворови, Тунел, Васил Главинов и Гимназија, осветлени симболите на градот – Спомен Костурница, Мало мовче, крст Св.Илија и Саат кулата, 14. Субвенции – велосипед, сончев термален колектор, инвертер клими, новороденче и прваче, 15. Средби и настани.
Пред присутните се обрати и пратеникот Игор Здравковски. Тој зборуваше за некои лични искуства низ кои минале заедно со Колев.
„За овие четири години не сме имале погрешно донесена одлука, тој е достапен за сите граѓани, покажа разбирање, уметност во комуникацијата. Да споделам две искуства од позиција на пратеник во опозиција со властa, претходната. Кога дојдоа на разгледување програмите на ЈП Државни патишта, за 2023 година, за Велес беа предвидени нула денари. Се догoворивме со Марко да го блокираме влезот во подружницата на Македонија пат во Велес, бидејќи тука е базата за сите соседни општини. Ќе блокираме се додека не се испазариме. Тогаш се обезедија 44 милиони за инфраструктурата во општината. Следна епизода е прераспределба на буџетски средства од две милјарди денари, од кои според догoвороt една милјарда за општините од тогашната власт и една милијарда за општините на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери. За Велес немаше пак ништо. Се договоривме со Марко, следниот ден да одиме кај лидерот Мицкоски, за да не прими, не си одиме додека не не прими. И така успевме да обезедиме 24 милиони денари за Велес“ – кажа Здравковски.
„Марко Колев е човек на кому му верувам, бидејќи држи до дадениот збор. Велес денес има градоначалник визионер, организатор на градскиот живот, посветен работник. Се што беше ветено, беше остварено. Тој не бега од проблемите ки постојат“ – рече Зоран Љутков, кој беше три години претседател на Советот на општина Велес.
„Во мандатот на овој Совет се одржаа 67 редовни седници, две вонредни. Донесовме многу одлуки кои се реализираа значајни инфраструктурни проекти, кои го променија изгледот, функционалноста на нашата општина. Реализираните проекти не беа можни без посветеноста на членовите на Советот, но и заеднички успех со граѓаните, кои не водеа со нивните потреби, сугестии. Свесни сме дека не секое барање од граѓаните беше реализирано“ – кажа Даниел Јаневски, претседавач на Советот на Општина Велес.