Петар Печков
Објавено: петок, 12 септември 2025
Санирањето на оштетените скали на кејот кај Мало мовче, од страната на споменикот на Гемиџиите ќе се изврши наскоро, откако ќе заврши уредувањето на кејот од Мало мочве до Стар мост.
Ова го најави градоначалникот Марко Колев, одговарајќи на советничко прашање од членот на Советот, Димитар Абрашев. Истото ова прашање пред еден месец беше испратено од ТрМр до службите во локалната власт, но одговор не се доби.
„Договоривме прво да се заврши овој дел со кејот до Стар мост, а бидејќи изведувачот и на кејот од кај Автобуска и новиот е истиот, тој да го санира оштетувањето кај Мало мовче. Очекувам за недела две за заврши спојувањето на кејот од Мало ковче до Стар мост и потоа да се продолжи со мала санација, да се залијат и пополни скалите, за да се заштитат стопите на Мало мовче“ – кажа Колев.