Во Велес во изборната трка тројца кандидати за градоначлник и десет листи за советници

Петар Печков

Ноќеска до полноќ беше терминот кога кандидатите за градоначалник и за листата за членови на Совет можеа да поднесат свои листи до Општинските изборни комисии.

Според ДИК  има тројца кандидати за Велес. Актуелниот Марко Колев како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Маја Хеско кандидат на СДСМ и Маријана Деловска како кандидат на партија Демократи.

За Општина Велес, информациите се дека има десет листи и тоа: ВМРО-ДПМНЕ предводена од Даниел Јаневски, СДСМ – Јованче Манасков, ЛЕВИЦА- Димче Ацков, ЗНАМ –Милка Панова, ДУИ - Љокман Салија, ВЛЕН - Берат Бајрамовски, Бошњачки демократски сојуз - Енвер Карталовиќ, Демократска партија на Турците –Бејхан Мемедов, Македонска акција МААК – Сашко Тодоров и Единствена Македонија –Елизабета Костова Бочварова.

Во Лозово има четири кандидатури за градоначалник и 10 за советници. Кандидати за градоначалник  се Бошко Цветковски ВМРО-ДПМНЕ, Ацо Велковски СДСМ, Светла Алексиќ -  Единствена Македонија и  Милан Ашиковски од  ТМРО.

Има и десет листи за советници: ВМРО-ДПМНЕ – Сања Јоваковска, СДСМ – Тамара Иванова, ЛЕВИЦА – Славјан Иванов, ЗНАМ – Горанче Велков, Единствена Македонија – Благојче Атанасов, ТМРО – Божидар Вучевски, Демократска партија на Турците во Македонија –Фуат Пашов,  Движење за национално единство на Турците во Македонија –Кадар Јашар, Демократи –Стојимен Стојанов и  независна листа Сузана Јовановска Илиевска

Во Чашка има по три листи на кандидати за градоначалник и за членови на Совет. Кандидати за градоначалник се: Горан Стојановски од СДСМ за втор мандат, Дејан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ и Суат Шаќири од ДУИ.

Истите овие партии имаат и листи за членови на Совет СДСМ  -Фадил Тафовски, ВМРО-ДПМНЕ –Трајче Мишкоски и ДУИ- Семир Зеќиров.

Во Градско има двајца кандидати за градоначалник и три листи за советници. Кандидати за градоначалник се Киро Нацков ВМРО-ДПМНЕ и Драгослав Симоновиќ СДСМ. 

Листи за членови на Совет поднеле ВМРО-ДПМНЕ –Драгана Данева, СДСМ –Благоја Станишевски и Бошњачки демократски сојуз – Сеат Сулковиќ.  

По овие поднесени кандидатури и листи, кои се непотврдени, Општинските изборни комисии, треба да се изјаснат дали  се во ред и потоа да стана важечки. 

Локалните избори ќе се одржат на 19 октомври, а вториот круг на 2 ноември.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

  • што поскоро да ја заборавам
  • ги помнам само убавите моменти
  • постар/а сум за една година
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши работи
Резултати