Денес во велешко 28 нови случаи на ковид-19

Петар Печков

Во велешко денес се регистрирани 28 нови случаи на позитивни со квоид-19 а оздравени се  30 пациенти, објави Министерството за здравство. Досега починати од последиците на корона вирусот во велешко се 94 пациенти.  Активни се 518 случаи,  486 се на домашно лекување, 24 во велешка Болница, по двајца во приватни клиники во Скопје, Инфективна клиника и Болница Козле  и по еден во  ГОБ 8-ми септември и во торако-васкуларна клиникја.


Хоспитализирани во велешка Болница се  34 пациенти, на Инфективно 29 и пет на Интерно.  Од  нив 23 се потврдени позитивни, пет  сомнителни и  шест  пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 15 пациенти. Од  заразените со ковид-19 испишани се пет  пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Оператори во производсто Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати