Деновиве во Велес истовремено се врши дератизација и прскање против ларви од комарци од земја

Петар Печков

Во Велес се извршува   прва дератизација и прво ларвицидно теренско – третирање од земја, против ларви од комарци.  Тоа се општи мерки за заштита на населението од заразни болести.  Нив ги извршува операторот Лиса – ком МС ДООЕЛ Кавадарци, која работата ја добила по спроведен постапка.

„Од 7 април под надзор од стручно лице од Центар за јавно здравје Велес, започна спроведувањето на пролетната дератизација на јавни површини и јавни објекти кои се во надлежност на Општина Велес. Следните неколку дена ќе биде опфатена површина од 150.000 м2, односно сите јавни површини во градот, како и двата брега на реката Вардар, од Башино село до компанијата „Агриа”. Теренското третирање од земја, против ларви од комарци опфаќа територија од 7 хектари покрај вода и водни површини, кои се мапирани како лежишта на комарци, а посебно внимание ќе се посвети на површините со неистечена вода каде комарците имаат идеални услови за размножување“ – информираа од Општина Велес. 

 фото Општина Велес

Прскањето против ларви од комарци по земја се врши на подрачјето на крајбрежјето на Езерото „Младост“, езеро  „Јарбош“, Градски и Младински парк, Градскиот стадион, по течението на реката Вардар низ Велес, реонот на Дервенски Поток и градските фонтани.

Од локалната власт посочуваат дека препаратот кој се користи за дератизацијата е селективен, од сертифициран производител и ја третира популацијата на глодарите, има одобрение од Министерство за здравство за употреба во јавната хигиена, не преставува опасност за останатиот животински свет.

Третманот  со кој се врши дератизација е со биолошки препарат BIOPREN, се наоѓа на листата на биоцидни производи на Министерството за здравство и се применува насочено само за комарци и ларви кои летаат на области кои се претходно одредени, се положува во застоени водени површини. Истото не е штетно за луѓето, пчелите, ниту за домашните миленици.

На есен ќе има втора дератизација и  второ ларвицидно теренско – третирање од земја. Од крајот на мај во три наврати ќе се врши и авионско третирање  од воздух против комарци.

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

ПРОГРАМА ЗА НОВОГРАДБИ ВО ВЕЛЕС

Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните семејства да се пријават за вклучување во Програмата за новоградби во Велес.
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

  • да
  • не
Резултати