Петар Печков
Објавено: недела, 09 ноември 2025
Во дербито на 9-тото коло Третата лига Југ, кое се одигра во Велес играа првопласираниот ФК Борец и второпласираниот ФК Превалец. Победи постариот лигаш со 1:0. Со ова велешани се одлепија на пет бодови разлика пред превалчани и ФК Питу Гули, Крушевчани во Превалец во гости го победија тимот на ФК Тополка со 2:3. Четвртиот велешки третолигаш ФК Башкими загуби во Прилеп со 1:4 од ФК Ултрас кој беше високо пласиран 5-ти. ФК Тополка е 11-та од 13 екипи со 5 бода а ФК Башкими е едно место повисоко 10-ти со 6 бода.
Во следното 10-то коло коло ново дерби за врвот во Крушево ФК Питу Гули го пречекува ФК Борец, ФК Превалец игра дома со ФК Венец од неготински Долни Дисан, кој е 6-ти со 13 бода, додека ФК Башкими игра дерби на дното, гостува во прилепско Мало Коњаре кај ФК Млекар кој е 12-ти. ФК Тополка е слободна.
Женската екипа на ЖФК Борец забележа победа и тоа до 0:8 на гостувањето во Скопје, над екипата на ЖФК Слободен, која имаше две победи досега. Со ова младата велешка екипа ги освои првите бодови,.а во второто есенско коло скопјанки во Велес победија со 0:2. По седум кола ЖФК Борец има три бода колку и ЖФК Плачковица. Првенството продолжува напролет. ЖФК Борец гира дома со лдиерот ЖФК Конзули од Битола, која нема пораз.
Се одигра некомплетното 6-то коло на Општинската фудбалска лига. Постигнати се следните резултати.
ФК Горски-ФК Раштани 4:2
ФК Младост – ФК Форца нова 2:4
ФК Согле – ФК Врановци одложена
Слободна беше екипата на Локомотива
Т А Б Е Л А
1.ФК ВРАНОВЦИ 5 4 0 1 16:6 12
2. ФК МЛАДОСТ 5 4 0 1 12:11 12
3. ФК ФОРЦА НОВА 5 3 0 2 15:10 9
4. ФК СОГЛЕ 4 3 0 1 8:5 9
5.ФК ТИМ ЛОКОМОТИВА 5 1 0 4 6:17 3
6.ФК РАШТАНИ 5 1 0 4 7:16 3
7.ФК ГОРСКИ 5 1 0 3 8:12 3
Последното есенско коло во Општинската фудбалска лига играат:
ФК Форца нова – ФК Согле
ФК Раштани – ФК Младост
ФК Локомотива – ФК Горски
Слободна е екипата на ФК Врановци
