Дете каснато за образ од бездомно куче, во Младински парк

Петар Печков

Дете било каснато од бездомно куче за образот, додека шетало низ Младински парк. Настанот се случил во вторникот вечер.

„На 30 април  во 22.00 часот во СВР Велес, М.С.П.(29 год) од Велес пријавила дека во Младинскиот парк во Велес нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник“ – соопшти Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Потврда за карактерот на повредата има од Општа Болница Велес.

 „Примено е четиригодишно  дете кое имало повреди на главата од каснување на куче. Детето е згрижено, дадена неопходна здравствена помош , по што е пуштено на домашно лекување“ – кажа Марина Андова, портпарол на Општа Болнцаи Велес.
Претходно истата вечер, велешанец пријавил каснување од куче, спроти Пабот.

„На 30 април  во 21.10 часот во СВР Велес, Д.К.(56 год) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник“ – додаде Ѓаковска.

Каснување имало и од куче кое имало сопственик а настанот се случил средата доцна попладне. Според сведоците откако две познанички, со домашни миленици,  едната се приближила кон пријавителката, кучето пекинезер ја каснало другата жена.

„На 01 април во 19.20 ч. во СВР Велес, Н.М.(51 год) од Велес пријавила дека на езерото Младост во Велес била касната од куче сопственост на И.К. од Велес“ – соопшти Ѓаковска.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати