Добиена е согласност од ЕУ како финансиер, за промена на планот за пешачка зона во центарот, градежните работи продолжуваат со уредување на тротоарите

Петар Печков

Канцеларијата на ЕУ во Скопје, дала согласност за промена на планот за реализација на уредувањето на централното градско подрачје  во Велес, со првично предвидената пешачка зона. Со промените кои локалната власт ги побара и ги доби, се  предвидува пешачка зона да има само во попладневните и вечерни часови, преку лето. Ова го кажа градоначалникот Марко Колев, одговарајќи на советничкото прашање од Ќирил Гајдов.

 „Не треба улицата 8 Септември да се затвора преку цел ден, цела година, туку за почеток од 17 до 22 или 24 часот, во лето, кога децата се на распуст.  Обезбедени се средства за проширените тротоари, кои не беа третирани со овој проект.  Ќе има нови тротоари на улицата од Сармаале до кај споменикот на Коњаникот.  Можеби веќе следната седмица ќе склучиме договор со фирмата.  Ќе има проширување на едниот кружен тек, кај Сарамале, за да се забрза протокот на автомобили. Ќе нема паркирање на автомобилите на оваа релација, ниту од лево ниту од десно.  Ќе има пешачка зона за деца, велосипедска патека и една лената на одвивање на сообраќај.  Во прашање се денови кога ќе почнат градежните работи. Проектот е добиен за да имаме безбедна зона за пешаци и велосипедисти, не за атмосферска мрежа и  нова улица.  Сета работа треба да заврши за два - три месеци. Во постапка сме за набавка за автобуски постојки, смарт клупи, велосипеди, се што е  предвидено со апликацијата. Граѓаните можеби ме напаѓаат за тоа  што подолг период состојбата со центарот на градот е ваква, небезбедна, има граѓани кои се повредени од разрушените тротоари. Затоа јас јавно им се извинувам и не` сите работи зависат од мене“ – кажа градоначалникот Колев.

Градежните работи  сопреа во ноември лани откако се увиде дека новото сообраќајно решение создаде колони возила низ центарот на градот. По што се побара корекција на проектот кој е финансиран од средства на ЕУ во висина од 780 илјади евра.
При изборот на градежната фирма која го работи уредувањето на централното градско подрачје, дури во третиот обид се избра градежна фирма, првите два беа неуспешни, немаше пријавени, па проектот две години не можеше да се реализира. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

  • да
  • не
Резултати