Дождот заврна, пожарот кај Габровник локализиран

Петар Печков

Вчера во вечерните часови  целосно е изгаснат големиот шумски пожар во реонот на Азот, над селата Богомила, Мокрени и Габровник кој беснееше неколку дена и во кој изгореа околу 50 хектари квалитетна високо дабова и букова шума.

Во гаснење на пожарот биле вклучени екипи на пожарникари од Територијалната противпожарна единица од Велес и вработени во шумско стопанство „Бабуна“ кои вложија огромни напори во целосно ликвидирање на овој голем шумски пожар во овој реон. По гаснењето на пожарот на овој терен заврнал и долго очекуваниот дожд.

Од Дирекцијата за заштита и спасување и покрај најавите не ги испратиле авионите за гасење пожари, бидејќи истите биле преупатени на други големи шумски пожари во земјава.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати