Петар Печков
Објавено: среда, 23 април 2025
Во последното коло од Првата футсал лига, екипата на КМФ Кеги моби одигра нерешено со соседот на табелата КМФ Бутел. Во натпревар со висока ефикасност заврши 10:10 (5:4). Иако во поголем дел до првенството велешани беа ниско пласирани и се бореа за опстанок, во финишот со серија победи и се искачија на поделба на 5 и 6 место заедно со КМФ Шкупи, со по 24 бода. Со ова заврши Првата футсал лига во сезоната 2024/25.
ОФС Велес ја објави табелата на Општинската фудбалска лига по одиграното 13 коло. Истата е со следниот изглед и пласман:
1. ФК Тополка 9 8 1 0 20:7 25
2. ФК Горски 10 6 2 2 22 :15 20
3. ФК Локомотива 10 6 0 4 27:21 18
4. ФК Врановци 8 3 3 2 18:16 12
5. ФК Форца нова 11 3 1 7 17:25 10
6. ФК Младост 10 2 1 7 14:24 7
7. ФК Бузалкова 7 2 0 5 11:16 6
Од лигата се откажаа ФК Чашка, ФК Бабуна и ФК Согле