Петар Печков
Објавено: среда, 10 јули 2024
На првата трка од Државното првенство во ендуро мотоцилизам, одржано на патеката кај велешко езеро Младост, победи Драган Ванов од МК Мото Велес, пред исто така велешанецот Мартин Караколев, кој настапува за Ендуро клуб Водно Скопје а трет беше Драган Зафировски од МК Мото Влеес.
Тоа беше пласманот во категоријата Е1, додека во Е2 победи тетовецот Али Керим од МК Хиенад Тетово. Во Е3 победи Самет Имери од МК Мото Велес.
Се возеа два круга по 40 километри по нерамен земјен терен со многу вештачки направени препреки. Втората ендуро трка од Државниот македонски шампионат за 2024 се планира да се одржи во септември во Куманово, а третата трка во октомври во Тетово.