Државна лотарија ги додели наградите од првата наградна игра, БИДИ ИН, регистрирај се на МЕГАВИН

Петар Печков

Во чест на отворањето на новата интернет - платформа www.megawin.mk, Државна лотарија приреди наградна игра којашто траеше од 18 до 29 ноември. Во овој период сите регистрирани лица добија подарок,  онлајн влезница за концертот „МЕГАСТАРС“ како и учество во наградната игра БИДИ ИН, РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МЕГАВИН.

На сцената, покрај којашто беше сместена четворочлената комисија, со помош на електронски генератор на броеви по случаен избор, од сериските броеви на онлајн влезниците на регистрираните учесници, се извлекоа добитниците на: 10 гејминг лаптопи Lenovo; 10 I phone 14 Pro, 5 луксузни патувања во Дубаи и еден автомобил BMW.
Исчекување, адреналин, возбуда и среќа се чувствуваше во СЦ „Јане Сандански“ за време на извлекувањето на наградените, чии имиња во продолжение Ви ги претставуваме.

Добитниците ги посетија просториите на Државна лотарија каде што се запознавме и ја споделивме радоста. На наше големо задоволство ни пристигнаа од сите краишта на државата.

1. Мирослав Ристовски од Куманово работи 14 години во организација. Не очекувал било каква награда затоа што не бил информиран доволно за наградната игра. Мирослав беше извлечен за наградата Lenovo gaming лап топ.

2. Наталија Тасева од Скопје е добитничка на награда IPhone 14 Pro.  Пресреќна за наградата, вели дека не успеала да присуствува на концертот Мегастарс, а информацијата дека е извлечено токму нејзиното име дознала од другар.

3. Џелал Мехмеди од Гостивар е добитник на Lenovo gaming лап топ. Пензионер од неодамна, претходно вработен во МВР. За себе вели дека е редовен играч на игрите на среќа на Државна лотарија. Сеуште пријатно изненаден од наградата.

4.  Снежана Петровска од Штип е добитничка на Iphone 14 Pro. Нејзината ќерка се регистрирала на www.megawin.mk, го следела извлекувањето, па мобилниот телефон ќе биде новогодишен подарок за неа.

5. Лиридон Тахири од Скопје е еден од 5те добитници на луксузно патување во Дубаи за двајца.  Дубаи е негова голема желба и е пресреќен што му се остварила. Со нетрпение чека да го посети.

6. Петар Наумовски од Тетово е еден од добитниците на Lenovo gaming лаптоп.

7. Абдулќерим Реџепи од Тетово е добитник на мобилен телефон Iphone 14 Pro.

8. Мартин Љубомироски од Скопје е исто така добитник на Iphone 14 Pro. Иако редовно игра Лото, решил да ја предизвика среќата и со новата интернет платформа на Државна лотарија, а со тоа обезбедил учество и во наградната игра. Веста дека е добитник на мобилен телефон му ја соопштил пријател кој присуствувал на концертот.

9. Сара Крстевска од Старо Нагоричане е добитничка на Lenovo gaming лаптоп. Таа е редовен играч на инстант лотарија и Лото. Пресреќна за наградата се пофали дека првпат добива некаква награда.

10. И Тања Додевска од Куманово е добитничка на Lenovo gaming лаптоп кој ќе биде новогодишен подарок за нејзиниот син кој со нетрпение ја чека да пристигне дома со наградата.

11. Бојан Јовановски од Тетово е добитник на луксузно патување за двајца во Дубаи. Бојан мислел дека е голема шега кога неговиот колега се пошегувал со него дека ќе оди во Дубаи. Пресреќен е дека конечно ќе ја посети неговата дестинација од соништата.

12. Столе Ѓорѓиевски од Скопје е добитник на Iphone 14 Pro. Се забавува постојано со игрите на среќа на Државна лотарија. Се регистрирал и на www.megawin.mk, но поради обврски со неговите близначиња не успеале да присуствуваат на концертот. Столе вели дека ова е одличен новогодишен подарок за неговата сопруга.

13. Славица Спасовска од Куманово е добитник на Iphone 14 Pro. Претходно има остварено помали добивки од игри на среќа.

14. Бобан Тасевски од Штип е добитник на Lenovo gaming лаптоп. Се регистрирале сосема случајно кога забележале реклама на социјалните медиуми. Лаптопот ќе го искористат за работа.

15. Денис Мојсоски од Прилеп е добитник на патување во Дубаи за двајца. Тој е голем фанатик за фудбал. Два дена им биле потребни за да поверуваат дека се добитници на оваа награда. На ова патување ќе заминат со сопругата и едвај чекаат да поминат прекрасни мигови.

16. Аце Трајчевски од Битола е добитник на Iphone 14 Pro. Тој од негов другар слушнал за наградната игра. Вели дека од сега па натаму повеќе ќе игра игри на среќа.


17. Бобан Василевски од Македонски Брод е добитник на Iphone 14 Pro. По занимање е дипломиран криминалист. Другарка која го следела извлекувањето му се јавила да му каже дека треба да чести. Не му се верувало дека тој бил еден од среќните добитници.

18. Филип Крамарски од Берово е добитник на Lenovo gaming лаптоп. Тој како дипломиран програмер software developer, оваа награда ќе му дојде одлично и ќе му помогне за да напредува во неговата професија.

19. Ивана Илијевска од Скопје е добитник на lenovo gaming лаптоп. Таа е наставник во основно училиште. Бидејќи има три дечиња овој подарок ќе биде за нив. Им порача на сите да си ја пробаат среќата.

20. Ристе Каранфиловски од с.Новаци, Битола вработен во РЕК Битола, е добитник на Iphone 14 Pro. Тој редовно гребе инстант лозови, но решил и тука да си ја проба среќата. Премногу беше изненаден од оваа награда и овој телефон ќе му дојде одлично бидејќи неговиот бил скршен.

21. Владимир Јанев од Кочани е добитник на Lenovo gaming лаптоп.  Редовно гребат инстант лозови, а извлекувањето го следеле онлајн на facebook. Кога си го чуле нивното име биле премногу изненадени. Бидејќи студира информатика оваа награда ќе им дојде одлично.

22. Ангела Оцевска Аџиевска од Скопје, дипломиран инженер, е добитник на патување во Дубаи . За наградната игра дознале од ТВ, а од нашите социјални медиуми дознала дека е добитничка на ова прекрасно патување во Дубаи за двајца.

23. Јована Николоска од Куманово е една од добитниците на Iphone 14 Pro. За Мегастарс се информирала од социјалните мрежи. Наградата ќе ја подари на нејзината мајка затоа што е љубител на игрите на среќа на Државна лотарија, но нема остварено добивка досега.

24. Драгана Трајковска од Скопје е добитничка на лаптоп Lenovo gaming. За новата платформа Мегавин се информирала од социјалните мрежи, но сепак не успеала да присуствува на концеротот Мегастарс поради обврски со двегодишното синче. Велат дека оваа награда ќе им користи одлично за работните обврски.

25. Стефан Трајковски од Битола има 19 години. Тој и неговиот другар откако ја забележале рекламата за Мегавин на социјалните мрежи, се регистрирале без големи очекувања. Но, сега двајцата ќе патуваат во Дубаи.

26. Последната и најголема добивка, автомобил BMW отиде во рацете на Дејан Блажевски од Скопје, општина Кисела Вода. Збунетиот глас на среќниот добитник кој е самохран родител, вработен во ЈП Водовод го слушна публиката  во полната сала на СЦ „Јане Сандански“, кога Марјана и Игор го побараа во телефонски разговор да му ја соопштат среќната вест. Во студиото на ТВ емисијата СЕДМО НЕБО се дружевме со него и со неговите два сина, кога му беше доделено возилото и кога со него и со неговите најблиски ги споделивме моментите на радост.

На атрактивниот автомобил BMW најмногу се израдуваа неговите два сина, помалиот Кирил и поголемиот Томи кој за неколку месеци ќе стане полнолетен и ќе полага возачки испит. Дејан ни објасни дека кога на 30 ноември, среде ноќ му заѕвонил телефонот и слушнал женски глас како му честита дека добил BMW од Мегавин на Државна лотарија, воопшто не поверувал.

На www.megawin.mk е во тек многу забава со секој ден подароци под името „ПРАЗНИЧНО ДАРУВАЊЕ“, а следи и ново богато изненадување.

Убавите мигови допрва престојат бидејќи Државна лотарија работи на тоа среќата да ја направи достапна секому и верува дека среќата е насекаде.

ПР текст

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати