Државниот инспекторат за животна средина ја забрани работата на Варницата

Петар Печков

По реакциите на јавноста, жителите од соседните населби Тунел и Превалец,  затворена е за работа Варницата во Велес. Од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информираа дека на 14 ноември издале мерка забрана за работа на каменоломот на Техно Павер од Скопје.   

Неколку државни инспектори за животна средина вршеа надзор кај посочениот правен субјект во текот на 2018 година, беше потребно да се соберат збирни информации. Врз основа на инспекцискиот надзор направен на ден 08.11.2018 година изготвен е Записник за констатација како прв акт во инспекциска постапка, по што врз основа на утврдена состојба на лице место и во документацијата за правниот субјект, на ден 14.11.2018 Државниот Инспектор за животна средина кој го вршел надзорот, согласно од Законот за животна средина, со решение ја забрани работата на правното лице ДПТТУ. Каменолом Технопавер ДООЕЛ Скопје Подружница бр.2 во Превалец Велес, - стои во писмената информација добиена по поставеното прашање, дали инсталацијата работи или не.  

ДИЖС наведува дека причина поради кој   е затворен каменоломот е тоа што не поседува ,,А,, интегрирана еколошка дозвола. Раководството на  Варницата  има рок  во траење од 90 дена во кој треба да се отстранат причините за настанатата состојба. Од инспекторатот додаваат дека доколку  утврдат дека не се постапува согласно Решението, ќе поднесат барање за поведување соодветна постапка до надлежен орган, согласно членот Законот за животна средина. 

На неодамна одржаната Јавна распава, дел од постапката  кон добивање на ,,А,, интегрирана дозвола на ,,Техно павер,, претставникот на Министерството за животна средина,    Фатос Брлиу  во Велес пред присутните граѓани и претставници на фабриката и локалната власт,   кажа дека тој лично ја одзел дозволата.  

Дозвола за усогласување, што е дел од постапката кон добивање на ,,А,, интегрирана дозвола на ,,Техно павер,, сопственик на варницата во населба Превалец    му е одземена на 4-ти јуни годинава и таа од тогаш не смее да работи - рече Брлиу.  Но граѓаните реагираат дека се до неодамна таму имало работни активности.

Посебно го потенцираат случајот од 29 октомври на пладне, кога во 12,30ч. имало сила детонација од минирање што предизвикало силна вознемиреност кај жителите.  Овој случај е документиран и со видео снимки кои беа споделени на социјалните мрежи. Се побара одговор и од велешката полиција и од обвинителството за овој случај, кој тоа дозволил минирање во услови кога фабриката на смее да работи,  и бараат одговорност. 

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали е потребно забрана за користење на мобилни на наставата во училиштата?

  • да
  • не
Резултати