Државниот трудов инспекторат не нашол неправилности, иако работниците се жалеа дека биле принудувани да одат на работа иако имале симпоми на ковид-19

Петар Печков

Државниот трудов инспектор, во три наврати во март и април,  извршил вонредна инспекција во текстилната конфекција од Велес, каде беа регистрирани  вработени позитивни на ковид -19.    Инспекциите биле извршени без  до инспекцијата да стигнат поплаки од вработените, но во период пред да се регистрираат првите случаи на корона вирусот. Откако во текстилната конфекција беа регистрирани повеќе лица со корона вирус,  епидемиолошката состојба се води како неповолна. 

До ден денес кај нас не е пристигната официјална претставка од страна на вработените во конфекцијата, но и покрај тоа извршени  се три надзори и тоа на ден: 14-ти март, 26-ти март и на 21-ви април годинава. При тоа е констатирано дека од страна на работодавачот се почитуваат мерките и препораките на Владата. Овозможено е право на платено отсуство на категориите лица кои ги следува согласно одлуките на Влада - одговори  м-р Амир Имер, виш инспектор на труд, раководител на одделение по работни односи,  на поставеното прашање од  ТрМр. 

Откако во текстилната конфекција во Велес, при крајот на април и почетокот на мај се регистрирани повеќе случаи на заразени со корона вирусот, дел од вработените реагираа дека иако се жалеле дека имаат симптоми, биле принудувани да одат на работа се додека не ги добијат тестовите.  

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати