Петар Печков
Објавено: четврток, 28 февруари 2013
Пола метар фали за водата од езерото Младост да прелие. Таква е состојбата на оваа акумулација по интензивните врнежи кои ја зафатија Македонија изминатата седмица. Тоа е зголемено во должина 5 метри а нивото е подигнато за еден метар, посочуваат луѓето кои често престојуваат таму.
Згора на та двете реки Отовичка и Рудничка се активираа по подолга пауза од половина година, така што се очекува нивото деновиве да се зголеми. Колку е покачено нивото илустрираат две фотографии, од столбот во средината на езерото, до каде е водата како и некогашната куќарка за рибарење која сега скоро и да не се гледа.