Еколошко признание за учениците од Горно Оризари

Петар Печков

Училиштето Рајко Жинзифов од велешкото село Горно Оризари го доби зеленото знаме на граѓанско здружение ОХО, највисоко признание кое може да добие едно еко-училиште во Македонија. Меѓу 100-те основни училишта во земјава, тоа се истакна со нивната работа за еколошката свест,  со литературни и ликовни творби, собирање стара хартија и пластика, акциите  учење за штедење на вода и струја.

Изминатиот период, неколку години наназад, изработивме повеќе проекти и активности за подигање на свеста кај учениците за екологијата и заштитата на животната средина. Во овој процес се вклучени и учениците,  наставниот кадар, и родителите на децата, локалните власти – Тања Николова координатор на проектот во училиштето.

Организацијата ОХО од 1998 година работи на еколошката едукација на учениците во земјава. Во македонската мрежа на еко-училишта има повеќе од сто, досега само единаесет добиле зелено знаме, највисоко ниво на наградување.

Ова училиште преку нивната програма ја први поубава и почиста нивната околина, општината а со тоа и цела Македонија, таа да биде поубава средина за живеење – изјави Александра  Младеновска Костиќ, директор на програмата во ОХО.

Училиштето Рајко Жинзифов за нивната посветеност на екологијата, лани во конкуренција на десетина држави и стотина училишта,  ја доби трета награда во Будимпешта, Унгарија,  на регионалниот конкурс за југоисточна Европа во организација на меѓународната институција 350 орг, на тема ,,земјен часовник,, .

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати