Екс селекторот на женската репрезентација Глигоров тренер на РК Бисинов

Петар Печков

Екипата на РК Бисинов конечно со тренер на тренерската клупа. На оваа позиција е именуван Владимир Глигров, поранешен селектор на женската репрезентација на Македонија.

По седум кола од настапите во Супер лигата, кога екипата ја водеше ракометарот Ивица Илиев, што за член на најквалитетното друштво во земјава е несериозно, клубот реши да ангажира тренер.

Глигоров дебито на клупата на РК Бисинов ќе го има овој викенд, кога екипата го игра дербито за опстанок во Радовиш, со истоимениот состав, кој нема победа. Рк Бисинов по седум кола има една победи и шест порази.

Последен ангажман на Глигоров беш е во женскиот тим на Спанга од Стокхолм, а беше на клупата на Металург РА, Радовиш, Кометал Ѓорче Петров, Голден Арт, Вардар Неготино, Кастриоти Феризај од Косово, како и на селекциите на Либан, Саудиска Арабија и Сирија.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати