Елзин Лековиќ со финансиска помош од државата, до порентабилно земјоделство

Петар Печков

Се повеќе млади земјоделци аплицираат и покажуваат интерес за добивање на финансиска помош од државата за нивниот бизнис.  Еден од нив е и оризарецот Елзин Лековиќ. Тој има краварска фарма, го продолжува семејниот  бизнис започнат од 1995-та година. Секојдневно од кравите добива еден тон млеко,  а имаат 100 хектари површини.  

Задоволни сме oд поддршка што ја добиваме од државата,преку различни програми. Така од ланската помош како млад земјоделец  набавив еден трактор,  аплицирав и за ИПАРД 2 програмата за уште еден трактор, остана да биде доставен.   Со новата механизација сме порентабилни, побрзо се извршуваат полјоделските  работи, побрзо ги обработуваме површините   - рече Лековиќ.  

Годинава за финансиска помош за млади земјоделци аплицирале 1.045 лица што е далеку повеќе отколку мината година  кога имало  626 апликации  од кои 424 биле одобрени и склучиле договор за неповратна финансиска помош во висина  од 10 илјади евра, кажа министерот за земјоделие Љупчо Николовски при денешната посета на  велешката населба Горно Оризари.  

Од овие 424 лица веќе се исплатени 313 преку Платежната Агенција во висина од 3 милиони евра.  Во најголем дел финансиста помош   се користи за набавка на трактори и механизација и започнување на сопствен агробизнис.  Целта ни е младите да останат дома во руралните средини, да отворат сопствен  бизнис  и осовременување на семејните фарми- рече Николовски. 

Со овој повик  предност имаат  постбербни активности, инвестирање  во преработувачки капацитети, органско  сточарско или  земјоделско производство, апликантите да се од ридско планински предели и да се  повеќе од две години невработени.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати