Ждрепката одлучи, ФК Борец против ФК Кожуф за пласман во Втора лига

Петар Печков

Фудбалерите на ФК Борец за влез во Втората лига ќе играат бараж со екипата на ФК Кожуф од Гевгелија. Натпреварот се игра на 30 мај во 16,30ч. местото дополнително ќе биде одредено.

Ова е ждрепката која денес, среда беше извршена во просториите на ФФМ.  Кожуф се пласираше на 9-тото место од Втора лига. Во останатите разигрувања за Втора лига играат:  
Тетекс – Влазними Струга
Каменица САСА  – Еуромилк ГЛ
Победа Валандово – Камјани Камнењане

Вчера се одиграа квалификациите за Купот на ниво на ОФС Велес.

ФК Тополка го совлада ФК Младост со 3:1 а ФК Башкими во Чашка го победи ФК Борец со 3:2 на пенали, откако во регуларниот дел натпреварот заврши 0:0.

Победниците ФК Тополка и ФК Башкими  ќе играат четврток на игралиштето во Превалец, каде домаќин е екипта на ФК Тополка. Победникот ќе игра  со екипа од регион, Прилеп,  Кавадарци, Hеготино  а победникот ќе се пласира во 1/16 на Купот на Македонија.

Поврзани »

ТРЕТО АВИО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО ВЕЛЕШКО

Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 10 август 2026 година (понеделник) во раните утрински часови. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

  • да
  • не
Резултати