Железница го расчисти одронот, поради стоката од Солунското пристаниште (фото)

Петар Печков

Македонски железници - Инфраструктура ноќеска го расчисти одронот на камења, кој беше на пругата Велес  - Градско, на излезот од Велес. Користејќи ја нивната механизација пругата е проодна за возови од 22,20ч.   и сообраќајот патнички и товарен е нормализиран.Од велешката Железничка станица додаваат дека на делницата каде беа карпите, поради  превентива, возовите возат со намалена брзина.

Најмногу штета од одронот  трпеше товарниот железнички сообраќај, бидејќи возовите стоеја  а со тоа се плаќаа и пенали, парични казни кон  нарачателите,  заради задоцнувањето.  Два дена не  беше испорачана стока која требаше да се транспортира од Солунското пристаниште. За околу 18 часа беа пуштени десетина товарни воза, најчесто со нафта и кинеска стока, но и тековни испораки.

Таму денес беа стручните лица од МЖ инфраструктура и според нивни проценки, најголемата падната  карпа на патот е со тежина од 25 тони.   

Решение како да се отстранат карпите  од регионалниот пат Велес - Градско  досега нема. Не се дојдени стручните лица, кои треба да посочат како да се отстранат огромните камени блокови, кај месноста Долни  Дуќани. Големината на карпите кои се одронија пред некој ден, како и можните последици при детонацијата го отежнуваат  процесот на отстранување.   

Од  Општина Велес уверуваат дека ги прави сите напори за изнаоѓање на што побрзо и соодветно решение, иако  велат патот е во  државна надлежност. Камењата паднаа од карпата  наречена ,,Цуцка,, поради што регионалниот  пат Велес- Градско е  затворен за сообраќај и се пренасочува преку автопат.  Поради тоа вработените во Кожарата и во Агриа мораат да патуваат до работните места преку автопат.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати