Жителите на неколку села од Општина Чашка потсетени на опасноста од пожарите

Петар Печков

На подрачјето на општините Чашка, селата Бусилци, Извор, Стари град  спроведена е превентивна активност на тема „Пламените јазици се незапирливи“ и „Да ги заштитиме шумите од пожари“.    Реализирана  е од полициски службеници при  Отсекот за превенција и од Полициското одделение Чашка на СВР Велес.

„На граѓани и случајни минувачи им се поделени летоци со едукативна содржина во врска превентивните мерки кои треба да се преземат за да се заштитат шумите од пожари. Во рамки на активности, во непосредни разговори беше потенцирана потребата за поголема соработка со надлежните институции и навремено пријавување на појави на несовесно однесување од страна на граѓани, фрлање и палење на ѓубре и палење на оган, особено на отворен простор и во близина на шумски појаси, со цел навремена и брза реакција на сите институции“ - соопштија од МВР. 

Истата акција е реализирана и во околината на Кавадарци, на патниот правец Кавадарци-Мушов гроб и на излетничкото место „12-те другари“.

При спроведувањето на превентивната активност граѓаните биле потсетени за донесената мерка од Владата за забрана за движење во шуми и шумски појас во времето од 06.00 до 20.00 часот.

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати