Жителите на ул. Прохор Пчински реагираат на брзото возење по улицата, па се чувствуваат небезбедни

Петар Печков

Жителите на ул. Прохор Пчински се револтирани од брзото возење на автомобилите кон и од Рамина, што  создава страв по нивните животи, но пред се на децата. Тие за ова се организираат и преку викендов се собираат потписи кои ќе бидат доставени до ПС Велес, но бараат помош и од градоначалникот Марко Колев.

„Се вози многу брзо, без контрола. И угоре кон црката Св. Спас и удолу кон Св. Богородица. Не се сеќаваме дека некогаш сообраќајната полиција извршила контрола. Се сомневаме дека возилата не се технички исправни, не се регистрирани, прашање и колкумина од возачите имаат сообраќајна дозвола. Пред некој ден силно се вознемиривме, кога мало дете за малку ќе беше прегазено. Редно е полицијата да воведе ред во овој дел на градот“ – велат во реакцијата жителите на овој дел на Велес. 

За илустрација каква е состојбата може да посведочат статусите на социјалните мрежи. 

„Во Велес да живееше на ул. Прохор Пчински е исто како да играш руски рулет. Секое излегување од дома, е потенцијално искачување на хауба“ е една таква реакција.

Жителите очекуваат дека и градоначалникот Колев ќе помогне поплаките да стигнат до велешкaта сообраќајна полиција. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати