Заврши асфалтирањето на делницата Оморани - Теово

Петар Печков

Јавното претпријатие за државни патишта објави дека е завршена рехабилитацијата  на делницата на регионалниот пат село Оморани -село Теово во Општина Чашка, кое опфаќаше  отстранување на доегашнито слој асфалт и негово повторно асфалтирање.  

Целта е  подобрување на условите за живеење на граѓаните,  за што се започнати градежни активности на повеќе делници во Општина Чашка. Една од нив е Оморани -Теово, во должина од 2,2 км која што е веќе завршена -  - потенцираат од  ЈП ДП.


Вредноста на инвестицијата била 10 милиони денари, средства обезбедени до Буџетот на ЈП ДП.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати