Нема пријави по јавниот повик на ЈПВ Лисиче, за чистење на површината на езеро Младост

Петар Печков

Во понеделникот заврши јавниот повик распишан од ЈПВ Лисиче за механичко отстранување на наслаги и друга органска материја од акумулација Младост. Или се бараше фирма која ќе ја отстранува  органската маса од изумрени алги и трски,  која плива по површината, но и ќе ги острани исушените дрвја и исече трската во крајбрежјето, за што добиле дозвола од Министерството за животна средина. 

На поставеното прашање дали и колку заинтересирани се јавиле  од ЈВП Лисиче информираа  дека „во рокот за пријави, нема добиено ниту една понуда“.

Најавуваат дека наскоро ќе објават нов јавен повк, со надеж дека некој ќе се јави за да ја за заврши оваа обврска, една од неколкуте која Хидробиолошкит завод од Охрид, ги посочи како неопходни  за ревитализација на езерото. Втората е дотур на свежа вода, за што е предвидено дупчење на бушотини кај Отовичка река. Трета е промена на сигурносниот вентил на браната за испуштање на вода од акумулацијата.  Владата за овие три проекти издвои 10 милиони денари.

Водата на езеро Младост  според микробилошките индикатори е добра до одлична по  добиените параметри,  соопштија од  Центарот за Јавно здравје Велес, по извршените анализи на водата. Примероците биле земени на 19 септември. Во однос на физичко-хемиските параметри квалитетот е 3-та класа сатурација по присуство на амонијак и матност, додека по останатите параметри е 2-ра и прва класа.

Испитувана била водата од четирите плажи Градска, кај хотел Романтик, Отовичка и кај Бела  вода.  

Од Центарот за јавно здравје останува истото предупредување, водата од езерото не смее да се користи за капење, полевање и рекреација. Причината е иста како и претходните наоди, по површината има пифтиеста маса, сунѓерасти наслаги. Затоа е потребно да се испита дали има цијанотоксини.  

За жал и покрај тоа што ова предупредување од Центарот за јавно здравје се повторува една година, досега не е испитано дали има цијанотоксини. Иако тоа во Центарот за јавно здравје на Србија во Белград чини сто евра. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати