Заврши првенството од Првата футсал лига, КМФ Кеги моби со реми во Кавадарци заврши како 8 од 10 екипи

Петар Печков

Со натпреварот со екипата на КМФ Клими во Кавадарци, КМФ Кеги моби го заврши првенството од Првата лига. Средбата заврши без победник, 4:4 и велешaни на крајот по 18 кола се 8 од 10 екипи. Со овој пласман обезбедија опстанок, избегнаа играње бараж.

Во Третата фудбалска лига, ФК Борец победи во Крушево, против екипата на ФК Питу Гули со 3:4. Тоа беше дерби на колото на прво и четврто пласираниот на табелата. Велешани водеа со 3:2, домаќините израмнија во 89 минута а велешани победија во судиското продолжение, како и пред  две седмици кога во Росоман со голот на Манаисев се спасија од пораз а овој пат победија со голот на истито фудбалер- Манасиев.  ФК Борец останува на врвот со 33 бода, три повеќе од ФК Росоман и ФК Превалец. ФК Превалец дома беше убедлив со победа од 9:1 над екипата на ФК Младост од прилепско Кривогаштани кој е седми.  ФК Локомотива од Градско во соседското дерби со ФК Росоман, загуби со 0:4 во гости. Еипата е претпоследна 10 со 10 бода. Во следното коло е дербито ФК Борец – ФК Превалец на Градски  а ФК  Локомотива е слободна.

Во Втората лига ЖФК Борец загуби во Кочани од истоимената eкипа со 1:3. Во следното коло велешанки го пречекуваат тимот на ФК Атлетико од Битола, кој е лидер на табелата а велешанки се шестти со седум бода.

фото ФБ/ КМФ Кеги моби

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати