Заврши уредувањето на централното градско подрачје, улицата 8 септември е за возила, велосипеди и пешаци, паркирање нема

Петар Печков

Заврши уредувањето на цeнтралното градско подрачје. Со хоризонталното одбележување на улицата 8 септември , се заокружи целокупниот проект, кој започна на 1 септември лани. Со него се  постави  одводна мрежа со цевки Ф-800, од мостот Гемиџии до Сармаале. 

Потоа се асфлатираше улицата Архиепископ Михаил која потоа стана еднонасочна. Се асфалтираа улиците Гоце Делчев и Страшо Пинџур, кои се сега двонасочни. Се уреди кружниот тек кај споменикот на Коњаникот, се изгради нов на Сармаале.  

Вредноста на овој проект е околу 750 илјади евра. Проектот „Паметни решенија Велес – продолжуваме“ според договорот со ИПА  е склучен на почетокот од  2021 година,  помеѓу Општина Велес, како водечки апликант во проектот, СЕГ Холдинг како партнер и Европската Комисија во рамки на Програмата ИПА 2020 – “Програма за поддршка на општините”.

Целта беше да се затвори улицата 8 септември од Сармаале до споменикот на Коњаникот, и се создаде пешачка зона бидејќи Велес единствен од поголемите градови во земјава нема таков  простпр. Но проектот се покажа  со многу недостатоци, се создаде собораќаен метеж во центарот на градот и колони возила. Поради тоа се менуваше преоктот за на крај тој да го добие постојното решение.

„Целината од оваа асфалтна зона, од овој коловоз,  е  поделен на три зони. Една е пешачка патека, втората  е зона за движење на велосипеди, третата е за минување на возила во еден правец. Со ова решение ќе се редуцира сообраќајниот хаос и непрописното паркирања. Воедно централното градско подрачје ќе добие нов лик. Во пракса нема да има повеќе ниту едно паркирано возило на оваа делница. Овој нов концепт ги задоволува потребите на повеќе учесници во сообраќајот, со тоа што примарен е фокусот кон пешаците“ – кажа Марија Алчева, проект менаџер за сообраќајното  решение за централното градско подрачје.

Оваа новина произлегува од проектот кој со средства од ЕУ се реализира во централното градско подрачје. Делницата на улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот, се  најавува дека ќе биде затворена од јуни до август во период од 18 до 3 часот наредната година, кога тој ќе се пренасочи перку улиците Страшо Пинџур и Гоце Делчев, кои и сега се двонасочни.

Останвуа само да се постави електронски дисплеј, за времето на пристигнување на градските автобуси, постојка, која е пред влезот во хотел Интернационал. Таква ќе се постави и на ул. Гоце Делчев, каде што е стојалишето за автобуси.

Следен чекор во уредувањето на центарот на градот е изградба на подземна гаража. А ќе се гради под сегашниот паркинг, пред Основен суд, не каде се дуќаните, туку токму под паркингот. Ќе има место за 100 автомобили. За ова се обезебдени средства од Владата, во висина од 1,1 милион евра, преку конкурсот за распределба на пари од Унгарскиот кредит. Премиерот Мицкоски при посетата на Велес, летово кажа дека средствата нема да може да се користат за други намени туку исклучиво за изградба на подземна гаража и ќе бидат префлени на наменска сметка за таа цел.

Во распределбата  на нови средства од Владата, Општина Велес, на почетокот до следната година ќе конкурира за уредување на плоштадот, над подземниот паркинг, повторно со 1,1 милион евра. Целокупниот проект би чинел околу 3 милиони евра.

Се очекува  дека изградбата на подземниот паркинг ќе започне околу 9 ноември, денот на ослобдувањето на Велес, бидејќи веќе се обезбедени сите дозовили за градба а проеткот е поминат низ сите  надлежни институции. Останува само да се избере изведувач на градежните работи.

Во прашање беа само финансиите, кои сега и  се обезбедени. На површината од сегашниот паркинг треба да има плоштад, кој ќе биде целина со тој пред Основен суд Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати